MTB Babin Srt

Планинска велосипедска тура до врвот Бабин Срт на планината Стогово

Пријави се

Пријави се

MTB Babin Srt

Планинска велосипедска тура до врвот Бабин Срт на планината Стогово

Пријави се

Инфо за турата

Старт и финиш:  с. Годивје, Дебарца
Датум: Недела, 4 јули 2021
Време за старт: 9 часот

Должина: 40 км
Искачување: 1300м
Надморска височина на стартот: 930 м
Надморска височина на врвот Бабин Срт: 2241 м
Потребно време: 5 часа

Пријавување за учество

Учеството во турата е бесплатно.

Секој учесник добива:
- организирана планинска тура за возење велосипед со придружба на водичи на турата 
- логистичка поддршка за време на турите
- ручек по завршувањето на турата во Годивје

Пријавувањето и потврдувањето на учеството од страна на организаторот е задолжително.

Пријави се

Пријавувањето е затворено заради пополнување на максималниот број на учесници.

Правила за учество

- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински патеки.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум

Турата ја овозможија

Пријави се