MTB Bistra Adventure 2021

Планинска велосипедска тура на планината Бистра која минува низ селата Тресонче, Селце, Галичник и Лазарополе

Пријави се

Пријави се

Sava MTB Bistra Adventure 2023

Планинска велосипедска тура на планината Бистра која минува низ селата Галичник, Селце, Тресонче и Лазарополе

Пријави се

Инфо за турата

Датум: Недела, 3 септември 2023
Пристигнување:  Тони Вода, Галички пат во 8:30
Старт на турата: 9 часот
Патека на движење: Тони Вода - Лазарополе - Тресонче - Селце - Галичник - Тони Вода

Должина: 60 км
Искачување: 1500м
Потребно време: 6-8 часа
Off-road: 80% 

Ориентација:
- во група и според насоките добиени од водичот
- постоечка маркација во НП Маврово
- ГПС мапа

Пријавување за учество

Учеството во турата е бесплатно.

Пријавувањето и потврдувањето на учеството од страна на организаторот е задолжително.

Пријави се

Пријавувањето е затворено заради пополнување на максималниот број на учесници.

Правила за учество

- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински патеки.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум

Турата ја овозможија

Пријави се