Пријави се

Business Run 2016

Team Building Relay 4 x 2KM | Тим-билдинг штафета 4 х 2КМ

Инфо за трката
Опис: Штафетна трка во трчање 4 х 2000 метри за компаниски тимови
Датум: 16 октомври 2016
Локација: Скопје, Градски Парк
Време на стартот: 10 часот
Тип на трка: штафетно трчање со 4 измени
Прогласување победници: 11:30 часот

Тимови и учесници
Тимовите треба да бидат составени од вработени во компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница.
Секој тим е во мешан состав и се состои од 4 членови, од кои барем еден мора да биде машко или женско лице.
Името на компанијата е име на пријавениот тим. Една компанија може да пријави неограничен број на тимови со додавање на реден број или збор после името.
Секој тим го охрабруваме да трча во сопствена брендирана облека со која ќе го претстави идентитетот на својата компанија.
При пријавувањето, за секој тим се испраќа и лого на компанијата, кое ќе биде поставено во листите со пријавени тимови и резултатите од трката.

Пријавување
Цената за учество изнесува 3.000 денари за еден тим составен од 4 учесници. Пријавувањето трае до 14 октомври.
Секој тим и учесници добиваат стартни броеви, штафетна палка, сувенир маички од настанот, вода и освежување за време на трката, медал за успешно истрчана трка, нетворкинг забава пред трката, учество во детските содржини доколку се придружувани со деца, истакнување на компаниското лого во резултатите и листите со пријавени тимови, чување на лични работи за време на трката, прва медицинска помош.
Плаќањето на котизацијата за учество може да се изврши со онлајн плаќање со картичка, со налог во банка или со плаќање по про-фактура.

Програма
28 сеп - 14 окт Пријавување за Business Run 2016
14 октомври Business Run Networking Party
16 октомври Business Run, Kids Run, Winners Ceremony

Награден Фонд
1 место Златна штафета плус подарок за тимот
2 место Сребрена штафета плус подарок за тимот
3 место Бронзена штафета плус подарок за тимот

Најбрзо истрчан круг мажи Подарок
Најбрзо истрчан круг жени Подарок

Детска трка
На Business Run трчаме за нашите компании, но доаѓаме со нашите најблиски и целото семејство. Секој учесник во компаниските тимови може да го пријави своето дете во детските активности - детската трка и детското забавно катче.

Business Run Networking Party
Вечерна забава за заедничко дружење, запознавање и подигнување на стартните пакети. Локацијата и другите детали ќе бидат дополнително објавени.

Правила за учество
Во трката можат да учествуваат тимови составени од 4 лица од фирми кои вршат дејност во Република Македонија.
Сите тимови и учесници треба да бидат регистрирани и да ги носат стартните броеви и штафетните палки кои ќе ги добијат од организаторот.
Сите тимови треба да бидат во мешан состав (мажи и жени), каква што е работната средина во реалноста.

Придобивки од TEAM BUILDING (TEAM – Together Everyone Achieve More)
Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите, но и помеѓу вработените и нивните семејства. Целта на оваа штафетна трка е да се покаже важноста на тимскиот дух, но и да се биде пример за своите колеги и деловни партнери.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА Business Run 2016

За успешна регистрација потребно е да се пополнат сите полиња од пријавата.

Натпреварувач бр.1 СТАРТЕР

Натпреварувач бр.2 ВТОРА ИЗМЕНА

Натпреварувач бр.3 ТРЕТА ИЗМЕНА

Натпреварувач бр.4 ФИНИШЕР

Цена: денари