Coca-Cola Дедомразовска трка 2021
Пријави сеCoca-Cola Дедомразовска трка 2022
Дедомразовска трка 2022
Новогодишна трка во дедомразовски костуми.
Датум: 25.12.2022
Старт: 12 часот
Локација: Skopje City Mall
Должина: ±2 км
Прогласување победници: веднаш по завршувањето на трката
Пријавување
Цената за учество со вклучен дедомразовски костум изнесува 500 денари за возрасен, односно 400 денари за дете (родени 2012 и помали).
Пријавување без костум чини 300 денари (учесникот задолжително треба да носи сопствен дедомразовски костум).
Пријавувањето ќе се затвори во петок, 23 декември или порано, доколку се потрошат дедомразовските костуми.
Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката.
Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години (родени 2012 и помали) добива новогодишно пакетче доколку се пријави до среда, 21 декември 2022 год.
Патека за трчање
Плоштад Македонија - Кеј - Мост Слобода кај Холидеј Ин - МНР - Кеј - Камен Мост - Плоштад Македонија
Програма
10 - 12 ч. Издавање на стартни броеви и костуми
12 - 13 ч. Фитнес загревање и трка
13 - 14 ч. Прогласување на победниците и лотарија
Правила за учество
Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.
Секој учесник мора да биде облечен во дедомразовски костум.
Секој учествува на сопствена одговорност според личната физичка подготвеност за натпревар во трчање.
Организаторот го задржува правото да направи одредени измени во локацијата, програмата и термините на настанот предизвикани од објективни фактори.
За успешна регистрација потребно е да се пополнат сите полиња од пријавата.