Coca-Cola Дедомразовска трка 2021
Пријави сеCoca-Cola Дедомразовска трка 2021
Новогодишна трка во дедомразовски костуми.
Датум: 26.12.2021
Старт: 12 часот
Локација: Плоштад Македонија, Скопје
Должина: ±2 км
Прогласување победници: веднаш по завршувањето на трката
Пријавување
Цената за учество изнесува 400 денари со вклучен дедомразовски костум.
Пријавување без костум чини 200 денари (учесникот задолжително треба да носи сопствен дедомразовски костум).
Пријавувањето ќе се затвори во петок, 24 декември или порано, доколку се потрошат дедомразовските костуми.
Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката.
Сите учесници се потенцијални добитници во лотаријата со подароци, а секое дете до 10 години добива новогодишно пакетче доколку се пријави до 23 декември 2021 год.
Патека за трчање
Плоштад Македонија - Кеј - Мост Слобода кај Холидеј Ин - МНР - Кеј - Камен Мост - Плоштад Македонија
Програма
10 - 12 ч. Издавање на стартни броеви и костуми
12 - 13 ч. Фитнес загревање и трка
13 - 14 ч. Прогласување на победниците и лотарија
Правила за учество
Во трката може да учествува секој без ограничување според возраст, а секое дете мора да биде придружувано од родител или старател.
Секој учесник мора да биде облечен во дедомразовски костум.
Секој учествува на сопствена одговорност според личната физичка подготвеност за натпревар во трчање.
Организаторот го задржува правото да направи одредени измени во програмата и термините на настанот предизвикани од објективни фактори.
За успешна регистрација потребно е да се пополнат сите полиња од пријавата.