Tour de Lake 2022

Велосипедска тура околу Охридското Езеро.

Детали за турата
Датум: Вторник, 2 август 2022
Време на пристигнување: 6:45 ч.
Време на старт на турата: 7:00 ч.
Место за старт и финиш: Buffalo Beach (плажата за одбојка на песок)
Насока на движење: Охрид - Св.Наум - Подградец - Ќафасан - Струга - Охрид
Должина на турата: 100 км
Вкупно искачување: 1000 метри

Tour de Lakes 2019 - Голема тура

Повеќе инфо.

Учеството во турата е бесплатно и без пријавување.

Во турата може да учествува секој кој се чувствува подготвен да извози со велосипед во еден ден 100 км, кој располага со исправен велосипед и кој ќе ги почитува советите и инструкциите од страна на организаторот. Возењето е по асфалт и изобилува со нагорнини па се препорачува учесниците да бидат со добра физичка подготвеност и со активно возење велосипед во текот на сезоната.

За минувањето на границите е потребно да се носи лична карта или пасош.

Секој ја вози турата на сопствена одговорност.