Пријави се

Вело Водно

Трка со планински велосипеди на Водно.

Датум: 24.10.2021
Старт: 10 часот
Локација: Полиција Водно
Котизација: Учеството е бесплатно

Стартна листа: https://www.prvdovrv.mk/startlist?velovodno
Резултати: https://www.prvdovrv.mk/results?velovodno

Сите љубители на велосипедизмот, рекреативци и спортисти, втора година по ред ќе можат да се натпреваруваат во најбрзо искачување на Пионерската велосипедска патека на планината Водно.

Натпреварот ќе стартува во 10 часот од полициска станица Водно и натпреварувачите ќе стартуваат на 20 секунди. На натпреварот се поканети да учествуваат сите од 7 до 77 години, без котизација. Учеството е бесплатно.

Награди за најбрзите во машка и женска конкуренција, вредносни ваучери за велосипедска и спортска опрема:
1 место 5 000 ден.
2 место 3 000 ден.
3 место 2.000 ден.

ПАТЕКА

Должина: 3140 м

Искачување: 250 м

Почетна нмв: 361 м

Целна нмв: 574 м

Рекорд: 13:21.5 (резултати 2020)

Повеќе инфо

 

ДОЗВОЛЕНИ ВЕЛОСИПЕДИ

- планински, крос и гравел
- електрични велосипеди учествуваат вон конкуренција за пласман и награди

ПРОГРАМА

Трката е дел од Фестивалот за алтернативен туризам и на целта е предвидена дополнителна програма:

- експо со штандови за вело и придружна опрема и услуги
- забава со диџеј и концерт на Бенд Оф
- свечено пуштање во употреба на новата спуст патека од Средно Водно до Скопје

ПРИЈАВУВАЊЕ

Учеството е бесплатно преку линкот https://prvdovrv.mk/register.php?velovodno

Секој учесник добива:
- стартен број
- освежување по трката
- бандана Вело Водно 2021

Пријави се