Virtual Challenges 7/20

Виртуелни предизвици во трчање и велосипедизам за јули 2020.

Пријави се
Што е Virtual Challenges 7/20?

Виртуелни предизвици во најмногу поминати километри и искачена висинска разлика во трчање и велосипедизам за месец јули 2020, составена од резултатите направени при индивидуални активности. Секој спортува колку сака и каде сака, а победници се оние со најдолго поминато растојание и најголема искачена висинска разлика.

Секој РЕАЛНО спортува сам во согласност со мерките за заштита, а ВИРТУЕЛНО ги соочува резултатите од постигнувањата со останатите.

Предизвици
Running distance Најмногу истрчани километри Резултати
Running elevation Најмногу искачена висинска разлика со трчање Резултати
Cycling distance Најмногу извозени километри Резултати
Cycling elevation Најмногу искачена висинска разлика со велосипед Резултати
Gran Fondo Најголем збир од должините на активностите со велосипед над 100 км Резултати
Како да учествувам?

1 Доколку си пријавен за ПРВДОВРВ Водно 2020, автоматски си пријавен и за Virtual Challenges и не треба да пополнуваш нова пријава и да правиш ново поврзување со Strava. Новите учесници се пријавуваат преку овој линк. Учеството е бесплатно.

2 Поврзи ја пријавата со твојот профил на Strava. Ова е потребно за да го измериш времето на твоите активности, а ние да го добиеме резултатот. Апликацијата е бесплатна и можеш да ја поврзеш со постоечки уред или апликација со кој го мериш времето на твоите активности, доколку е овозможено. Поврзи се при регистрацијата или преку портокаловото копче до твоето име во стартната листа.

3 Спортувај сам, согласно со препораките и мери ги своите активности со Strava.

4 Побарај ја твојата активност во табелата со резултатите. Резултатот ќе биде автоматски преземен благодарение на поврзувањето што го направи во вториот чекор.

Времетраење

Сите активности треба да бидат направени, снимени со Strava и споделени со Првдоврв во периодот 1-31 јули 2020.

Редовноста и квантитетот се значајни за вкупниот збир на достигнувањата.

Правила

Организаторот има право да побара дополнителни информации за одредена активност ако процени дека е потребно дообјаснување за одреден резултат, како:

- споредба на претходни активности на учесникот

- мапа на движење за време на активноста сл.

Организаторот има право да дисквалификува резултат за кој ќе утврди дека не е веродостоен.

Организаторот има право да не го прифати профилот од апликацијата за мерење на времето доколку утврди дека истиот не одговара со податоците на пријавениот учесник.

Резултатите од рачно внесени активности, како и оние што се додадени од друг, нема да бидат земени предвид во рангирањето.

Во случај учесникот да не успее автоматски да ја сподели својата активност заради евентуална нефункционалност на платформата на Strava, организаторот има право да побара од учесникот да му испрати директен линк до резултатот.

Медали

Победниците на лигата во машка и женска конкуренција освојуваат медали.