VIRTUAL VODNO претставува виртуелна реплика на настанот ПРВ ДО ВРВ на Водно во која учесниците се натпреваруваат преку своите индивидуални активности и постигнати времиња на патеките и дистаниците кои се користат и во главниот настан. Виртуелните трки му претходат на главниот настан и се значајни заради следново:

претставуваат тренинг и подготовка

овозможуваат натпреварување во услови на пандемија и забранети трки

ќе донесат победници во новата категорија VIRTUAL на ПРВДОВРВ Водно 2021

Времетраење

Сите активности треба да бидат направени, снимени со Strava и споделени со Првдоврв од 11 февруари до 12 мај 2021.

Пожелно е да се има што повеќе активности, бидејќи рангирањето го сочинуваат постигнатото време и бројот на обиди.

Трки
Card image cap
Планинско трчање

Патека: Полиција - Средно Водно - Димитар-Цветкова - Врв

Задолжителен сегмент (Цветкова) Резултати
Задолжителен сегмент (Олимписка)
Card image cap
Планински велосипедизам

Најнова патека со четири сегмени по земја. Старт ОУ КочоРацин - Пионерска - Средно Водно - Врв.

Задолжителен сегмент Резултати
Card image cap
Друмски велосипедизам

Патеката е од ОУ Кочо Рацин до врвот по асфалтниот пат.

Задолжителен сегмент Резултати
Рангирање

Рангирањето е составено од два фактора, времето од најбрзата лична активност и бројот на активности на учесникот на соодветниот сегмент (патека):

Поени од постигнато времеБрој на обиди по 5 поениВкупен број поени за рангирање

Постигнатото време се бодува според следнава табела:

Место Поени
1 100
2 90
3 80
4 70
5 60
6 50
7 40
8 30
9 20
10 10
11-20 9
21-30 8
31-40 7
41-50 6
51 > 5

Пример

Место Поени од време Поени од обиди Вкупно
1 90 (2) 30 (6) 120
2 100 (1) 15 (3) 115
3 70 (4) 35 (7) 105
4 60 (5) 45 (9) 105
5 80 (3) 10 (2) 90
... ... ... ...
20 9 (20) 40 (8) 49
21 8 (21) 20 (4) 28
... ... ... ...

Табелата се менува со секоја нова додадена активност на учесниците, се до завршувањето на виртуелните трки на 12 мај 2021. Во случај на ист број поени, учесникот со подобро време има подобар пласман.

Како да учествувам?

1 Тие што се веќе пријавени за главниот настан ПРВДОВРВ Водно 2021 на 16 мај, се автоматски пријавени и за виртуелните трки. Доколку се уште не си се пријавил(а), пријави се тука.

2 Поврзи ја пријавата со твојот профил на Strava. Ова е потребно за да го измериш времето на твоите активности, а ние да го добиеме резултатот. Апликацијата е бесплатна и можеш да ја поврзеш со постоечки уред или апликација со кој го мериш времето на твоите активности, доколку е овозможено. Поврзи се преку портокаловото копче при регистрирањето или подоцна во стартната листа.

3 Спортувај сам, согласно со препораките, мери ги своите активности со Strava и внимавај на потребните патеки и сегменти што мора да се поминат за секоја од трките.

4 Побарај ја твојата активност во табелата со резултатите. Резултатот ќе биде автоматски преземен благодарение на поврзувањето што го направи во вториот чекор.

Победници

Победниците на трките во машка и женска конкуренција ќе бидат прогласени на главниот настан ПРВДОВРВ Водно 2021 на 16 мај, и тоа, прво, второ и трето место за секоја од трките, најбрзото време во секоја од трките и најголемиот број обиди за сите трки заедно.

Правила

Организаторот има право да побара дополнителни информации за одредена активност ако процени дека е потребно дообјаснување за одреден резултат, како:

- споредба на претходни активности на учесникот

- мапа на движење за време на активноста сл.

Организаторот има право да дисквалификува резултат за кој ќе утврди дека не е веродостоен.

Организаторот има право да не го прифати профилот од апликацијата за мерење на времето доколку утврди дека истиот не одговара со податоците на пријавениот учесник.

Резултатите од рачно внесени активности, како и оние што се додадени од друг, нема да бидат земени предвид во рангирањето.

Во случај учесникот да не успее автоматски да ја сподели својата активност заради евентуална нефункционалност на платформата на Strava, организаторот има право да побара од учесникот да му испрати директен линк до резултатот.