Есенска трка на 5 км.

Пријави се

ЕСЕНСКА 5К 2020

Есенска трка на 5 км.

Времетраење: 31.10 - 29.11.2020 Ново
Формат: Ново
- виртуелни квалификации
- финале со најдобрите 5
Локација на финале: Скопје
Должина: 5.000 метри
Категории: мажи и жени
Котизација: 200 ден.

Виртуелни квалификации Ново

Времетраење: 31 октомври - 25 ноември
Локација: по слободен избор, без ограничување. Доколку освои пласман во најбрзите 5, учесникот треба да биде во можност да учествува на финалната трка во Скопје на 29 ноември.
Правила:

- секој трча сам, колку сака и каде сака, а најдоброто истрчано време во периодот од пријавувањето до 25 ноември го одредува пласманот на учесникот
- пријавувањето е можно и по започнувањето на виртуелните квалификации, се до 15 ноември
- активностите пред пријавувањето не се земаат предвид, без оглед што се реализирани по 31 октомври
- за дистанци подолги од 5000 метри, времето се пресметува според просечното време на целата активност
- секој сам си го мери времето со помош на мобилната апликација STRAVA (или со спортски часовник кој може да се поврзе со STRAVA)
Мерење на време: Поврзи ја пријавата со твојот профил на Strava. Ова е потребно за да го измериш времето на твоите активности, а ние да го добиеме резултатот. Апликацијата е бесплатна и можеш да ја поврзеш со постоечки уред или апликација со кој го мериш времето на твоите активности, доколку е овозможено. Поврзи се при регистрацијата или преку портокаловото копче до твоето име во стартната листа.
Стартен број: дигитален во PDF формат, секој може сам да го отпечати (не е задолжителен при индивидуалното трчање во квалификациите)

Финале Ново

Датум: 29 ноември 2020
Време:

Локација: Кеј на Вардар кај Влада на РМ
Патека за трчање: Жабар - Палас - Жабар
Учесници: најдобрите 5 во машка и женска конкуренција во виртуелните квалификации

Пријавување

Цена: 200 денари
Рок: пријавувањето ќе се затвори на 15 ноември 2020, без оглед што квалификациите продолжуваат уште 10 денови

Награди

Најбрзите во машка и женска конкуренција освојуваат медали и парични награди:

1 место: 3.000 ден.
2 место: 2.000 ден.
3 место: 1.000 ден.

Програма Ново

12 октомври - 15 ноември 2020 Пријавување

31 октомври - 25 ноември 2020 Виртуелни квалификации

29 ноември 2020 Финале на најдобрите 5

Услови

Организаторот има право да побара дополнителни информации за одредена активност ако процени дека е потребно дообјаснување за одреден резултат, како:

- споредба на претходни активности на учесникот

- мапа на движење за време на активноста сл.

Организаторот има право да дисквалификува резултат за кој ќе утврди дека не е веродостоен.

Организаторот има право да не го прифати профилот од апликацијата за мерење на времето доколку утврди дека истиот не одговара со податоците на пријавениот учесник.

Резултатите од рачно внесени активности, како и оние што се додадени од друг, нема да бидат земени предвид во рангирањето.

Во случај учесникот да не успее автоматски да ја сподели својата активност заради евентуална нефункционалност на платформата на Strava, организаторот има право да побара од учесникот да му испрати директен линк до резултатот.

Анти-ковид протокол

Правилата и процедурите на ова издание на трката се прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците, ве молиме сите заедно да ги почитуваме во целост.

- пред стартот се спроведува дезинфекција на рацете и мерење телесна температура
- задолжително носење на своја маска за време на стартот и по влегување во целта
- задолжително е држењето растојание меѓу учесниците пред, за време и по трката
- водата се добива во неотворено шише
- прогласување на победниците е со задолжителна маска

Организаторот го задржува правото да ги менува термините, условите и правилата.

Пријави се