Подготвен за трка со колегите од работа?
Пријави го твојот тимДобредојдовте на
Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2026
Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2026 не е само трка — туку тим-билдинг искуство кое ги слави спортот, дружбата и корпоративниот дух.
Без разлика дали трчате, џогирате или шетате, трката е наменета за сите вработени – од директорот до практикантот.
Очекувајте еден незаборавен ден надвор од канцеларија, исполнет со движење, смеа и заеднички победи.
Основно за трката
Датум
Четврток, 4 јуни 2026
Време
Стартот е закажан за 19:00 NEW
Локација
Должина
5 километри – трчање, џогирање или одење
Кој може да учествува
Тимови од компании, институции, организации од јавен сектор, амбасади, ...
Рангирање
Според времињата на најбрзите тројца во тимот, од кои барем еден е од спротивен пол
Зошто да учествувате на Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2026
- Зајакнете го тимскиот дух надвор од канцеларија
- Претставувајте ја вашата компанија со гордост
- Уживајте во забавата и жива музика по трката
- Прославете ги малите и големите победи заедно
- Добредојдени се сите нивоа – пешачење, џогирање или трчање
- Создадете незаборавни тимски спомени
Како да пријавиш тим?
Регистрирај на твојата компанија
Направи кориснички профил на твојата компанија.
Направи резервација
Креирај го тимот и бројот на натпреварувачи од твојата компанија.
Внеси ги натпреварувачите
Внеси ги натпреварувачите или пак само ископирај го линкот за самостојно пријавување и сподели го со колегите.
Подготвен за трка со колегите од работа?
Пријави го твојот тим
Што добивате
- Брендирана dry fit маица
- Финишер медал
- Освежување на целта
- Храна и пијалаци
- Забава со настап на бенд во живо
- Професионални фотографии од трката
Цени за пријавување
Early Bird
1250 MKD
До 15 април
- Драј-фит маичка
- Финишер медал
- Освежување
- Храна и пијалаци
- Забава
- Личен дигитален фото-албум
Regular
1600 MKD
до 27 мај
- Драј-фит маичка
- Финишер медал
- Освежување
- Храна и пијалаци
- Забава
- Личен дигитален фото-албум
Програма NEW
4 јуни (четврток)
📍 Кеј пред Acibadem Sistina / Premium Sport Center
-
18:00
Почеток на настанот!
🎧 DJ и водител го отвораат настанот со одлична музика и атмосфера
📦 Подигнување на стартни пакети (до 18:30) -
18:40
Загревање со фитнес инструктор од Premium Sport Centar
💪 Активираме мускули, енергија и расположение! -
19:00
СТАРТ НА ТРКАТА!
🏃♀️ 5K тимски предизвик со компании од цела Македонија -
19:30
Време за освежување и уживање
🍔 Делиме вкусна храна
🥤 Безалкохолни пијалоци и пиво
🎶 Настап во живо на бенд под отворено небо! - 21:00 Прогласување на победниците 🏆
- 21:30 Лотарија со изненадувања 🎁
Race Rules
Each team must consist of employees from the same company. Times are chip-recorded and the average time determines team rankings. Sportsmanship and fun are encouraged!
Photo Gallery



Награди за победниците
🥇 1. место
- 💶 Ваучер за Животно осигурување – 300€
- 🩺 Годишно здравствено осигурување
- ✈️ Годишно патничко осигурување
- 🏠 Осигурување на дом
- 📅 Годишна членарина
- 🎁 Пакет производи
- 🏆 Учество во регионално Гран-При Финале на Adria Corporate Run League 2027 со покриени трошоци за превоз и сместување
🥈 2. место
- 💶 Ваучер за Животно осигурување – 200€
- ✈️ Годишно патничко осигурување
- 🏠 Осигурување на дом
- 🗓️ Полугодишна членарина
- 🎁 Пакет производи
🥉 3. место
- 💶 Ваучер за Животно осигурување – 100€
- ✈️ Годишно патничко осигурување
- 📆 Тримесечна членарина
- 🎁 Пакет производи
* Секој награден тим освојува по три награди – за најбрзите тројца членови од тимот, според чии времиња е одредено времето на тимот, како што е објаснето во правилата за рангирање.
Croatia Osiguruvanje Business Run 5K е дел од Adria Corporate Run League. Најдобрите тимови од локалните трки се квалификуваат на Регионалното финале. Натпреварувајте се, победете и претставете ја вашата компанија во најголемата корпоративна тркачка лига во регионот.
Our Sponsors
Stay Updated
Најчести прашања
- Секоја компанија треба да назначи менаџер на тимот, кој ќе ја направи пријавата на тимот и ќе биде контакт лице за комуникација со организаторот.
- Со клик на копчето „Пријави го твојот тим“ на оваа страница, се пристапува до платформата за пријавување. Пријавувањето се одвива во неколку едноставни чекори.
- Првиот чекор е креирање на кориснички профил за компанијата. Корисничкиот профил овозможува пријавување на компаниски тим за трката.
- Вториот чекор е креирање на резервација со бројот на натпреварувачи кои ќе учествуваат. Едновремено автоматски се креира фактура за плаќање на котизациите за учество.
- Во третиот чекор се пополнуваат податоците за учесниците во тимот на компанијата. Овие податоци може да ги пополни менаџерот на тимот преку компанискиот кориснички профил или пак секој натпреварувач може самиот да ги пополни своите податоци преку линкот кој неговиот тим менаџер ќе му го сподели.
- Во случај на какви било прашања или потешкотии, менаџерот на тимот може да се обрати до организаторот за помош или асистенција.
- Вработени во компании од приватниот сектор
- Вработени во јавни институции и агенции
- Вработени во занаетчиски бизниси со повеќе од 3 вработени
- Вработени во амбасади и странски мисии
- Тимот треба да биде составен од минимум тројца вработени
- Професионални спортисти вработени во организации чие делување е поврзано со спортската индустрија
- Лица кои не се во формален работен однос со компанијата која ги пријавува
- Студенти
- Малолетни лица
- Спортски клубови
- Домаќин на трката е Acibadem Sistina.
- Сите активности пред, за време и по трката ќе се одвиваат на просторот на домаќинот.
- Патеката за трчање е на кејот на Вардар, со старт и цел пред Acibadem Sistina.
Доколку сакате да се пријавите по поволна цена за рано пријавување од 1.250 денари по тркач, пријавата мора да се изврши и уплати до 15.04.2026.
По овој датум може да се пријавите по редовна цена од 1.600 денари по натпреварувач, најдоцна до 27 мај 2026.
Пријавата се смета за навремена и валидна само по извршена уплата.
- Уплатата на фактурата која ја испаќаме на менаџерот на тимот може да се плати со банкарски налог или со онлајн плаќање со картичка.
- Не прифаќаме плаќање со готовина.
- Не се дозволени индивидуални уплати – уплатата мора да биде за целиот тим.
Со самото регистрирање во системот и пријавување на вашите учесници, резервирате одреден број места за вашите колеги.
Меѓутоа, дури по извршената уплата (според фактура која ја добивате преку системот), пријавата се смета за валидна и нашиот тим добива „зелено светло“ за подготовка на вашите стартни пакети.
Доколку вашата компанија поради интерни процедури не може да изврши уплата во наведениот рок, но сепак сака да учествува на настанот, потребно е да нè известите преку е-пошта.
Ископирај го линкот за самостојно пријавување кој се наоѓа во резервацијата за тимот и сподели го со колегите кои треба да учествуваат во трката.
Кога вашите колеги ќе го отворат линкот, треба да ја пополнат пријавата со своите податоци.
- Секој пријавен учесник мора да трча со стартниот број кој му е доделен во стартниот пакет.
- Ако дојде до промени во тимот, потребно е тие да се внесат во системот најдоцна 10 дена пред трката.
- Од 10 дена до 72 часа пред трката, евентуални измени може да направи само организаторот по добиено известување од менаџерот на тимот на е-пошта: info@prvdovrv.mk.
Можно е и порано затворање на пријавите, доколку пред истекот на рокот се исполни лимитот на тркачи.
Во двата случаи, нови пријави не се можни.
Доколку по уплатата на котизациите компанијата се откаже од учество, организаторот нема обврска да изврши поврат на средствата.
Доколку се откаже еден или повеќе членови од тимот, можно е котизацијата да се пренесе на друго лице, но не е можен поврат на средствата.
Организаторот се обврзува да изработи онолку стартни пакети колку што се уплатени, без разлика на реалниот број на учесници кои ќе се појават на трката.
- • стартен број
- • чип за мерење време
- • финишер медал
- • драј-фит маичка
- • освежување пред и по трката
- • храна и пијалаци по трката
- • забава по трката
- • личен дигитален фото-албум
Вашите лични работи можете да ги оставите во гардеробата, за кои додека вие трчате ќе се грижат нашите волонтери.
Официјалното време на натпреварувачите и времето според кое се одредува пласманот е нето време (т.н. „chip start“), кое се мери од моментот кога ќе поминат преку стартната линија до влезот во целта.
За тимски резултат, се собираат времињата на тројца најбрзи учесници од секоја компанија, од кои барем еден треба да биде од спротивен пол.
Трката може да не се одржи поради временски неприлики или други објективни фактори. Во тој случај, организаторот е должен да закаже нов термин и навремено да ги извести сите учесници преку е-пошта и преку расположивите канали за информирање.
Подготвен си да се приклучиш?
Формирај тим, облечи ги патиките и покажи што значи вистински тимски дух.
Пријави го твојот тим