Пријави се

ААМ СКОПЈЕ 2019

За сите кои го сакаат трчањето, ви го претставуваме Аматерскиот атлетски митинг Скопје 2019, единствениот атлетски настан на кој ќе се почувствувате како професионалци.

Време: 20 април 2019, 10 - 16 ч.
Локација: Арена Филип 2 (Градски стадион Скопје)

Дисциплини:
100 м
400 м
4 x 400 м
1 миља (1609,344 м)
5000 м
10000 м
Скок во далечина

Распоред:
9:30 АФМ професионален дел
11:30 100 м (М)
11:35 100 м (Ж) | скок во далечина (М)
11:40 1 милја (М/Ж)
12:00 400 м (М) | скок во далечина (Ж)
12:05 400 м (Ж)
12:10 4х400 м (М)
12:20 4 х 400 м (Ж)
12:30 5.000 м (М/Ж) / 10.000 м (М/Ж)
13:30 Прогласување

Пријавување:
400 денари
600 денари со вклучена официјална маичка од настанот

Пропозиции:
На митингот може да учествуваат учесници кои рекреативно се бават со атлетика.

Секој учесник треба да се пријави во една основна дисциплина, а дополнително може да учествува во штафетната трка, скок во далечина и дополнителни дисциплини со пријавување на лице место според личните и организациските можности.

За одржување на натпревар во секоја дисциплина потребно е да се пријават минимален потребен број на учесници за одржување на трка. Пријавувањето е отворено до пополнувањето на квотите со учесници во секоја од дисциплините.

Организаторот го задржува правото да го менува распоредот и термините на одржувањето на настанот под влијание на објективни фактори.