Пријави се

Slavej+Karaorman MTB 2019

Планинска велосипедска тура на досега неоткриените Славеј Планина и Караорман со старт и цел во селото Годивје.

Детали за турата
Локација: Годивје
Датум: Сабота и Недела, 14 - 15 септември 2019
Старт на турата: недела, 15 септември во 10 часот

Камп
Почнувајќи од сабота, 14 септември, камперите се добредојдени во кругот на црквата Св.Спас во село Годивје. Во сабота навечер е предвидена забава. Пијалоци ќе можат да се набават по симболични цени.

Содржини

1. Велосипедска тура
- должина: 45 км
- искачување: 1500м
- потребно време: 5-6 часови

Патека Slavej+Karaorman MTB 2019

Повеќе инфо.

2. Планинарска тура
- должина: 12 км

Пријавување
Пријавувањето може да се изврши по цена од 300 денари.

Секој учесник добива:
- организирана планинска тура за возење велосипед по маркирани патеки во придружба на водичи на турата
- логистичка поддршка за време на турите (прва медицинска помош, основен сервис за велосипед)
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
- ручек во недела по завршувањето на турата во Годивје
- локација за кампување

Правила за учество
- Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед или планинарење на планина.
- Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
- Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
- Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
- Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
- Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум

Како да пристигнам во Годивје https://goo.gl/maps/LMwJF9pZ6gKJ7HFS8