Sava Virtual Velo

Виртуелен предизвик за сите вело-ентузијасти.

Пријави се

Sava Virtual Velo

Виртуелен предизвик за сите вело-ентузијасти.

Пријави се
Што е Sava Virtual Velo?

Виртуелни предизвици во најмногу поминати километри и искачена висинска разлика во велосипедизам, составена од резултатите направени при индивидуални активности. Секој спортува колку сака и каде сака, а победници се оние со најдолго поминато растојание, најголема искачена висинска разлика, најмногу денови на велосипед и најдолго возење.

Секој РЕАЛНО учествува сам во согласност со мерките за заштита од COVID-19, a ВИРТУЕЛНО ги соочува резултатите од постигнувањата со останатите (сите) учесници.

Предизвици
Distance Најмногу извозени километри Резултати
Elevation Најмногу искачена висинска разлика со велосипед Резултати
Gran Fondo Најдолга активност со велосипед, над 100 км Резултати
Days Најмногу денови со велосипедски активности Резултати
Како да учествувам?

1 Доколку учествуваше на ПРВДОВРВ Водно 2021, автоматски си пријавен и за Sava Virtual Velo и не треба да пополнуваш нова пријава и да правиш ново поврзување со Strava. Новите учесници се пријавуваат преку овој линк. Учеството е бесплатно.

2 Поврзи ја пријавата со твојот профил на Strava. Ова е потребно за да го измериш времето на твоите активности, а ние да го добиеме резултатот. Апликацијата е бесплатна и можеш да ја поврзеш со постоечки уред или апликација со кој го мериш времето на твоите активности, доколку е овозможено. Поврзи се при регистрацијата или преку портокаловото копче до твоето име во стартната листа.

3 Спортувај сам, согласно со препораките и мери ги своите активности со Strava.

4 Провери ја твојата активност во табелата со резултати. Резултатот ќе биде автоматски преземен благодарение на поврзувањето што го направи претходно, објаснето во вториот чекор.

Времетраење

Сите твои вело активности треба да бидат направени, зачувани со Strava и споделени со САВА ВИРТУАЛ ВЕЛО во периодот 18 мај - 3 јуни 2021.

Редовноста и квантитетот (збирот од сите достигнувања) во тој период се многу значајни за твојот финален резултат и позиција.

Правила

Организаторот има право да побара дополнителни информации за одредена активност ако процени дека е потребно дообјаснување за одреден резултат, како:

- споредба на претходни активности на учесникот

- мапа на движење за време на активноста сл.

Организаторот има право да дисквалификува резултат за кој ќе утврди дека не е веродостоен.

Организаторот има право да не го прифати профилот од апликацијата за мерење на времето доколку утврди дека истиот не одговара со податоците на пријавениот учесник.

Резултатите од рачно внесени активности, како и оние што се додадени од друг, нема да бидат земени предвид во рангирањето.

Во случај учесникот да не успее автоматски да ја сподели својата активност заради евентуална нефункционалност на платформата на Strava, организаторот има право да побара од учесникот да му испрати директен линк до резултатот.

Организаторот има право да прави измени во правилата и времетраењето на предизвикот под влијание на објективни фактори како нови ковид мерки, ограничување на движењето и сл.

Награди

Прворангираните учесници во секој од предизвиците добиваат полиса Пакет Про со каско осигурување на велосипед на Сава Осигурување.

Доколку еден ист учесник е прво рангиран во два или повеќе предизвици, наградата се предава на следниот највисоко рангиран учесник во тој предизвик.