Инфо
15 мај 2022 | |
9:45 велосипедски трки, 10:00 трчање | |
Водно, Скопје, Македонија | |
Трки во најбрзо искачување до врвот на Водно | |
Планинско трчање, Планински велосипедизам, Друмски велосипедизам, E-Bike | |
10-то издание | |
Пријавувањето се затвора на 8 мај 2022 |
Ве молиме да ги почитувате здравствените мерки во целост.
- нема масовен старт туку се стартува во бранови
- задолжително носење на своја маска за време на стартот и по влегување во целта
- задолжително држење растојание меѓу учесниците
- се стартува во бранови од по пет натпреварувачи на растојание од 1,5м на секои 10 секунди
- водата се добива во неотворено шише
- прогласување на победниците со задолжително носење маска
- нема дополнителна програма по завршување на трките
- бројот на учесници е ограничен на 450
- Старт: ОУ Кочо Рацин
- Должина на патека: 4,2 км (ова е најкратката и најстрмната патека)
- Искачување: ~800м
-
Патека: претежно земјена
- Просечен наклон: 18,2%
- Забелешка: Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта)
- Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка). Времето се мери од летечкиот старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно
- Должина на патека: 11,41 км
- Искачување: ~800м
-
Патека: 100% асфалт
- Просечен наклон: 6,8%
- Забелешка: Сите велосипедисти возат по асфалтниот пат до врвот на Водно. Сите учесници задолжително носат заштитна кацига.
- Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка). Времето се мери од летечкиот старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно
- Должина на патека: 9,21 км
- Искачување: ~800м
-
Патека: 40% земјен пат (означено со сино на мапата десно), 60% асфалт
- Просечен наклон: 8,3%
- Забелешка: Сите учесници задолжително носат заштитна кацига. Организаторот го задржува правото да изврши измени во патеката заради влошени услови на истата или заради неповолни временски услови. Патеката ќе биде означена со патокази и маркација.
Повеќе инфо.
- Старт: ОУ Кочо Рацин
- Должина на патека: 4,2 км (ова е најкратката и најстрмната патека)
- Искачување: ~800м
-
Патека: претежно земјена
- Просечен наклон: 18,2%
- Секој тим се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта).
-
Секој тим е составен од најмалку 4 учесници, во мешан родов состав (3+1 или 2+2), а тимот може да се состои од најмногу 8 учесници)
- Целиот тим мора да финишира заедно, во исто време, односно времето на најслабиот учесник е времето на тимот; со ова се стимулира взаемното помагање, солидарност, бодрење и мотивација за целото времетраење на трката
- Секој член на тимот, со своето индивидуално време се натпреварува и во трката за планинско трчање
Sava Get Ready
Sava Get Ready претставува виртуелна реплика на настанот ПРВ ДО ВРВ на Водно во која учесниците се натпреваруваат преку своите индивидуални активности и постигнати времиња на патеките и дистаниците кои се користат и во главниот настан. Виртуелните трки му претходат на главниот настан и се значајни заради следново:
претставуваат тренинг и подготовка
ќе донесат победници во новата категорија VIRTUAL на ПРВДОВРВ Водно 2022
Сите активности треба да бидат направени, снимени со Strava и споделени со Првдоврв од 4 до 13 мај 2022.
Пожелно е да се има што повеќе активности, бидејќи рангирањето го сочинуваат постигнатото време и бројот на обиди.
Патека: Полиција - Средно Водно - Димитар-Цветкова - Врв
Задолжителен сегмент (Цветкова) РезултатиНајнова патека со четири сегмени по земја. Старт ОУ КочоРацин - Пионерска - Средно Водно - Врв.
Задолжителен сегмент РезултатиПатеката е од ОУ Кочо Рацин до врвот по асфалтниот пат.
Задолжителен сегмент РезултатиРангирањето е составено од два фактора, времето од најбрзата лична активност и бројот на активности на учесникот на соодветниот сегмент (патека):
Поени од постигнато времеБрој на обиди по 5 поениВкупен број поени за рангирање
Постигнатото време се бодува според следнава табела:
Место | Поени |
---|---|
1 | 100 |
2 | 90 |
3 | 80 |
4 | 70 |
5 | 60 |
6 | 50 |
7 | 40 |
8 | 30 |
9 | 20 |
10 | 10 |
11-20 | 9 |
21-30 | 8 |
31-40 | 7 |
41-50 | 6 |
51 > | 5 |
Пример
Место | Поени од време | Поени од обиди | Вкупно |
---|---|---|---|
1 | 90 (2) | 30 (6) | 120 |
2 | 100 (1) | 15 (3) | 115 |
3 | 70 (4) | 35 (7) | 105 |
4 | 60 (5) | 45 (9) | 105 |
5 | 80 (3) | 10 (2) | 90 |
... | ... | ... | ... |
20 | 9 (20) | 40 (8) | 49 |
21 | 8 (21) | 20 (4) | 28 |
... | ... | ... | ... |
Табелата се менува со секоја нова додадена активност на учесниците, се до завршувањето на виртуелните трки на 13 мај 2022. Во случај на ист број поени, учесникот со подобро време има подобар пласман.
1 Сите пријавени учесници за ПРВДОВРВ Водно 2022 можат да учествуваат во Sava Get Ready. Доколку се уште не си се пријавил(а), пријави се тука.
2 Најди го твоето име во стартната листа и поврзи го твојот профил на Strava. Ова е потребно за да го измериш времето на твоите активности, а ние да го добиеме резултатот. Апликацијата е бесплатна и можеш да ја поврзеш со постоечки уред или апликација со кој го мериш времето на твоите активности, доколку е овозможено.
3 Мери ги своите активности со Strava и секогаш кога ќе ги поминеш сегментите (објаснети погоре), резултатот од твојата активност автоматски ќе се појави во резултатите.
Победниците на трките во машка и женска конкуренција ќе бидат прогласени на главниот настан ПРВДОВРВ Водно 2022 на 15 мај, и ќе ги освојат следниве награди, обезбедени од Сава Осигурување:
- Прво место во планинско трчање, мажи и жени добива вредносен ваучер од 1500 ден. кој може да се искористи за било кое осигурување во Сава Осигурување
- Прво место во планински велосипедизам, мажи и жени добива осигурување за велосипедисти од незгода и одговорност од Сава Осигурување
- Прво место во друмски велосипедизам, мажи и жени добива осигурување за велосипедисти од незгода и одговорност од Сава Осигурување
Одбери еден од пакетите и обезбеди го твоето место во некоја од трките во планинско трчање, планински велосипедизам или друмски велосипедизам. Навременото пријавување обезбедува пониска цена. Пријавувањето се затвора на 8 мај 2022.
Котизациите за учество покрај со онлајн плаќање, можат да се платат и со уплатница во банка или пошта, како што е објаснето во меилот што ќе го добиете по испраќањето на пријавата. Цената за учество зависи од денот на уплата без оглед на датумот на пополнување на апликацијата.